Индиски службеник наредил да се испразни брана за да му најдат телефонот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владин службеник во Индија е суспендиран откако наредил да се исцеди езеро за да си го најде телефонот.

Раџеш Вишвас се обидувал да направи селфи кога го изгубил својот телефон Самсунг, вреден околу 1.200 долари, во браната Керката во централната индиска држава Чатисгар.

Кога локалните нуркачи не успеале да го најдат, тој платил да се донесе пумпа. Пумпата работела три дена, празнејќи приближно два милиони литри вода – наводно доволно за наводнување на шест квадратни километри обработливо земјиште.

Меѓутоа, кога бил пронајден, телефонот бил натопен во вода и повеќе не бил во функција.

Вишвас тврдеше дека уредот содржел важни официјални информации и оти требало да се пронајде, но тој беше обвинет за злоупотреба на службената положба.

 

– Тој е суспендиран во очекување на истрага. Водата е суштински ресурс и не може да се троши вака – изјави индиска службеничка, пренесе Би-Би-Си.

Вишвас се изјасни дека имал усна дозвола да испушти „малку вода во блискиот канал“, додавајќи дека неименуваниот службеник му рекол оти тоа „всушност ќе им користи на земјоделците кои ќе имаат повеќе вода“.

Работата сепак била прекината кога по поплака дошол уште еден службеник од водостопанството.

- Advertisement -
Ad image

Неговиот потег наиде на бројни критики во јавноста.

 

Share This Article