More

    Индиска фамилија ставила погрешен човек под земја

    spot_img

    Жител на најјужната индиската сојузна држава Тамил Наду, еден ден по „неговиот погреб“, се вратил дома. Тоа, секако, било шок за семејството, јавува МИА.

    Марти, 55-годишен фармер, отишол во друг град за да бере шеќерна трска. Неколку дена не контактирал со своите роднини и не се вратил. Набргу потоа, близок роднина го известил семејството дека маж е пронајден мртов близу околната автобуска постојка. Синот на Марти „го препознал“, како што извести полицијата регистрирајќи го настанот пред да го предаде телото на семејството.

    Ден по погребот, Марти неочекувано се вратил жив дома.

    – Не можевме да им веруваме на своите очи кога влезе во куќата. Сите бевме шокирани! – вели неговата фамилија.

    Марти и семејството сѐ уште не знаат кого закопале. Полицијата поведе истрага за вистинскиот идентитет на закопаниот маж.

    Инаку, претходно светските медиуми објавија дека жители на градот Мтата во Јужна Африка, по грешка погребале туѓинец наместо нивниот исчезнат син, кој се вратил четири месеци по погребот.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img