Најмалку 25 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус падна во клисура во северна Индија, соопштија властите.
Според официјални лица во Утаракханд, автобус со повеќе од 45 луѓе слетал во длабока клисура во областа Паури Гарвал во вторникот вечерта, јавува Anadolu Agency.
Набргу по несреќата, започна голема спасувачка операција на местото во областа Биронхал, се вели во соопштението на полицијата на Утараханд во средата наутро. Се нагласува дека во несреќата загинале 25 лица, додека 20 се спасени и хоспитализирани.
Беше објавено дека спасувачите морале да се спуштат во клисура длабока повеќе од 500 метри.
Официјални лица рекоа дека автобусот превезувал луѓе на свадба.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите.