Името на легендарниот фудбалер на Црвена ѕвезда на избирачкиот список предизвика големо внимание во српската јавност и отвори многу дилеми.
За српската опозиција името на Дарко Панчев може да е едно од многуте фантомски гласачи со кој претседателот Александар Вучиќ ќе се обиде да дојде до победа на изборите.
Во коментарите на социјалните мрежи некои се пошегуваа дека наскоро на српскиот списокот ќе се појави и Христо Стоичков.
За потсетување, во во фокусот на јавноста во предизборието во Србија се најде уште еден истакнат македонски спортист. Поранешниот македонски кошаркарски решрезентативец и актуелен претседател на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ се вклучи во предизборната кампања на српскиот претседател Александар Вучиќ порачувајќи дека “му чува грб“.