More

    Имаше инидиции дека човечноста на Онкологија починала, потсетува Демократско движење

    spot_img

    „Полициската акција на Клиниката за онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери. Веќе е јасно дека здравството е криминализирано. Демократското движење се надева дека овој скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни казни. Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови“.
    Ова се вели во соопштението на партијата Демократско движење на Изет Меџити.

    „Ова е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за Внатрешни Работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи. Значи, здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезено од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак“, се вели во соопштението и се нагласува дека „во нормални држави за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img