Имаме мнозинство за Уставот, чекаме гаранции од ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не треба да работиме на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што ние веќе имаме двотретинско мнозинство во Собранието, туку работиме на добивање гаранции од ЕУ дека ќе нема нови вета од Бугарија, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите. Тој ја коментираше вчерашната изјава на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека очекува  Македонија да го промени Уставот и да го забрзаме процесот на преговорите за членство во ЕУ.

– Нам ни треба политички сигнал од политичкото мнозинство дека имаме гаранции дека нема да се бара повторно менување на Уставот за идентитетските и историските прашања. Ова е ставот на политичкото мнозинството и е познат во јавноста – рече претседателот на Собранието.

Гаши вели дека нема најави кога ќе почне процесот на уставни измени.

– Јас лично и повеќето граѓани сакаме што побрзо да почнеме, јас сакам уште денеска да почнеме, но внимателни сме да не ни се случи три месеци по уставните измени пак да добиеме вето. Ако се случи нешто такво, се плашиме дека ќе ни потфрли целиот процес. Тоа ќе го поттикне многу силно евроскептицизмот во државата. Темата е многу сензитивна и треба да бидеме многу внимателни во овој дел.  Сепак се работи за Устав, а ние сме рекордери во неговото отварање, во 1992 година сме го отвориле Уставот дури на само два месеци месеци откако сме го донеле. Треба да бидеме внимателни, ние сакаме да се заврши  работата, затоа што евроинтеграцијата ни е приоритет – рече Гаши.

Share This Article