More

    Имаат пари за капитални инвестиции, ама дали и како ќе ги искористат?

    spot_img

    Само четири министерства за 9 месеци реализирале повеќе од 60% од планираните капитални инвестиции. Трите новоформирани ресори, за спорт, енергетика и за јавна администрација иако имаат поголем износ на средства за капитални инвестиции, засега имаат реализацијата нула, пишува Порталб.мк.

    Според новите податоци од Министерството за финансии, највисок износ на потрошени средства за јавни инвестиции има МВР. Ова министерство за 9 месеци реализирало 16,7 милиони евра или 83,02% од предвидените капитални расходи.

    Од другите ресорите кои располагаат со поголеми буџети, Министерството за економија и труд од предвидените скоро 347.000 евра потрошило 73,21%, а Министерството за одбрана од 96,2 милиони евра реализирало 70,2%. Министерството за земјоделство за девет месеци остварило 63,17% од годишниот буџет кој изнесува 5,9 милиони евра за капитални расходи. Сите останати ресори имаат реализација на капиталните расходи помала од 55%.

    Министерството за финансии – функции на држава (преку кое се вршат исплатите по различни основи) заклучно со третиот квартал реализирало 50,46% од предвидените 173,1 милион евра за капитални расходи, а околу половина од планираните средства потрошиле и Министерството за образование кое од 33,9 милиони евра реализирало 50,97% и Министерството за здравство, кое од скоро 11,1 милион евра за капитални расходи, за 9 месеци потрошило 50,42%.

    Повеќе ресори за девет месеци имаат реализација на капиталните расходи пониска од 30%. Конкретно, Министерството за надворешни работи и трговија од предвидените 317.600 евра за капитални расходи потрошило 16,91%, Министерството за финансии од расположливите 9,1 милион евра реализирало 22,95%. Министерството за транспорт кое располага со огромни 191,4 милиони евра за капитални расходи, на истекот од оваа година, заклучно со третиот квартал реализирало само 16,17% од предвидените средства. Уште еден ресор, Министерството за труд и социјална работа, кој располага со повисок износ од 7,1 милион евра за капитални расходи, заклучно со третиот квартал испорачало реализација од 25,02%.

    Министерството за култура од расположливите 1 милион евра потрошило 38,57%, а незначителна реализација на капиталните расходи од 1,36% испорачало Министерството за локална самоуправа.

    Дел од министерствата во оваа изборна година, заклучно со деветтиот месец испорачаа симболична реализација на расходите за јавни инвестиции. Така на пример, Министерството за политички систем иако има незначителен износ од околу 3.000 евра по овој основ, од овие средства не потрошило ниту денар.

    Во групата ресори со 0 реализација на капиталните расходи се и новите, Министерството за енергетика за кое годинава по овој основ се планирани 4,3 милиони евра, Министерството за спорт кое располага со буџет од 6,5 милиони евра, како и Министерството за јавна администрација со буџет од 14.400 евра.

    Податоците покажуваат дека институциите со „симболични“ износи за капитални расходи успеале да реализираат поголем дел од планот, па така на пример Комисијата за заштита на конкуренција од планираните 5.000 евра потрошила скоро 78%, Државната комисија за жалби по јавни набавки од 4.000 евра реализирала 86% а речиси целосно се потрошени средствата за капитални инвестиции во Државниот инспекторат за техничка инспекција, Агенцијата за странски инвестиции, Уставниот суд.

    Заклучно со првиот квартал реализацијата на капиталните расходи изнесува 40,01% или потрошени се 281, 5 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img