„Има таков народ“ на Трифонов нема да биде во игра за ново мнозинство во Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Лидерот на „Има таков народ“ и забавувач Слави Трифонов во специјална изјава што ја пренесе неговата ТВ 7/8 и објавена на Фејсбук се истакнува дека на неговата партија не ѝ е место во овие бесмислени лицемерни преговори, јави дописникот на МИА од Софија.

Трифонов истакна дека нема да учествува во лицемерна влада и оти неговата партија нема да даде поддршка и повика на предвремени избори. Неговата изјава уследи по состанокот на пратеничката група на „Демократска Бугарија“ од Народното собрание, што беше пренесуван во живо без исклучени микрофони.

Во снимката, заменик-претседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов на својата пратеничка група објаснува дека во Бугарија ќе има предвремени избори околу 16 октомври. Снимката се појави на социјалните мрежи и медиумите и наиде на многу коментари за слобода на говор.

На средбата Иванов рече дека лидерката на БСП Корнелија Нинова ќе го задржи третиот мандат најдоцна до 15 август, додека не се изберат претседателите на Антикорупциската комисија и на Комисијата за регулација на енергетика и води.

Share This Article