Ако има една работа по која ќе биде автентична ќерката на старлетата Ким Кардашијан, тоа е начинот на кој се облекува за да привлече сѐ поголемо внимание.
Колку внимание почна да привлекува, не само затоа што е ќерка на Ким Кардашијан, туку затоа што веќе е доволно храбра да се облече скандалозно, говори и нејзиното издание кога се појавила со мајка си на свадбата на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.
Иако никој не е изненаден кога Кардашијан ќе шокира со своите комбинации, во тоа време сите ја гледаа осумгодишната Норт Вест, која беше облечена како четириесет годишна жена, а сега повторно го украде целото внимание.
Ким се појави со својата ќерка на ревијата на Жан Пол Готје на Модната недела во Париз, а како и секогаш, стајлингот се меркаше од глава до пети. Овој пат многумина гледаа во накитот, поточно во гломазното ланче кое беше споено со обетката во носот.
Ниту тоа немаше да биде толку „страшно“ доколку малата Норт не беше исто облечена. Таа ја држеше за рака мајка си, а потоа гордо позираше пред фоторепортерите. Се одлучила за „момчешки стил“, па покрај кошулата и вратоврската, ставила обетка во носот, која со синџири беше поврзана со ушите.
Корисниците на социјалните мрежи остро го осудија ова издание, а некои мајки напишаа дека ова е опасен додаток.
„Не дај Боже механички да ја сврти главата на другата страна“, „Како е можно таа да го дозволи ова“, „Не е таа виновна, Ким ја облекува така“, „Ова не е соодветно за осумгодишно девојче “, „Таа е дете, а се облекува како да има 35 години“, „Ова е морничаво“, беа коментарите на мрежите.
ФОТО: Инстаграм