More

    Има нови факти за потеклото на оружјето со кое Урош уби 9 луѓе

    spot_img

    Уапсен е Г.Г. (49) од Крагуевац, вујкото на Урош Блажиќ кој уби осум, а рани 12 лица во околината на Младеновац, Србија, соопшти Вишото јавно обвинителство во Смедерево.

    Осомничениот Г.Г. е задржан на 48 часа поради сомнеж дека извршил кривично дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи, соопшти Вишото јавно обвинителство.

    Г.Г. е уапсен врз основа на нови факти утврдени во истрагата која се води против Урош Блажиќ и неговиот татко Р.Б. со цел утврдување и разјаснување на сите околности кои се однесуваат на потеклото на оружјето со кое обвинeтиот У.Б. ги извршил кривичните дела кои му се ставаат на товар.

    Блажиќ на 4. мај во три села во околината на Младеновац уби 8 и рани 14 лица. Уапсен беше по 9 часа потрага во близинaта на Крагуевац, каде се криeл кај роднини. Тој пукаше во неговите комшии од автоматско оружје за кое никој во Србија не може да има дозвола освен службени лица.

    Пукаше од возило во движење пред училиште, црква, на места каде се собираат граѓани. Убиен е и полицаец кој не бил на должност.

    Претходно беше уапсен и таткото на Урош, поради сомнежи за кривичното дело недозволено производство, држење, носење и промет на оружје и експлозивни материи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img