Елејн Дејвидсон, која моментално живее во Единбург, го добила првиот пирс во 1997 година и до ден денес не престанала да се пирсува. Таа го држи Гинисовиот рекорд за жена со најголем број пирсови, бидејќи во јануари 2019 година имала дури 11.003.
Скоро секој дел од телото и е прободен, вклучително и челото, брадата, градите, рацете и интимниот дел. Почнувајќи од јануари 2019 година, таа имаше 11.003 пирсинг на телото и сè уште се пирса, сè во обид да го задржи рекордот. Иако обетките ја прават доволно необична, Елејн ужива да го менува накитот, да се шминка и да става пердуви во косата.
Поранешната медицинска сестра, родена во Бразил, првпат го собори рекордот за пирсинг во мај 2000 година, кога службеник на Гинисовата книга на рекорди ја прегледа и најде 462 пирсинг на нејзиното тело, вклучувајќи 192 на лицето. Таа вели дека пирсот на кожата не ја боли и дека може удобно да спие со целиот накит што го носи.
И покрај тоа, таа во 2009 година откри дека не сака да се пирсува, туку едноставно го прави тоа за да може да ја задржи титулата.
– Не уживам, но за да го соборите рекордот треба да продолжите понатаму. Моето семејство не сака тетоважи или пирсинг – изјави тогаш Елејн.
Сепак, пирсингот не е единствената крајност по која таа е позната. Оваа жена е егзибиционист, па може да спие на клинци, да оди по оган или на парчиња стакло. Има црн појас во џудо, ужива во екстремни спортови, нуркање и јавање.
Елејн ја сфаќа својата позиција во Гинисовата книга на рекорди многу сериозно, таа го гледа и како одговорност и како обврска. Ова е делумно причината зошто таа не пие, не се дрогира или пуши цигари, бидејќи сака да обезбеди целосна концентрација за сѐ.