More

    Има еден начин Европа да не каска зад САД и Кина, смета Марио Драги

    spot_img

    Германија не би се согласила, но единствениот начин Европа да претсане да каска со својата економија зад САД и зад Кина е заеднички да се задолжи, смета поранешниот шеф на Европската централна банка(ЕЦБ), Марио Драги, кој во Брисел во понеделникот речиси три часа ги образложуваше своите идеи за рестарт на европската економија пред германскиот министер за финансии.

    Драги вели дека задолжувањето отсекогаш било големо табу во Европската унијa, a неговиот план „веќе не функционира“, анализира Политико. Германскиот министер Кристијан Линднер изјави дека не се согласува со планот.

    ЕУ се задолжи само на ограничен начни за време на пандемијата со ковид-19. Но, се чини дека повторното задолжување беше блокирано од  група земји како Германија и Холандија, кои имаат ниски нивоа на долг и не сакаат да ги поддржат своите позадолжени соседи.

    Толку од тоа тогаш. И тоа покажува зошто има граници за многу амбиции на Драги. Повеќе „сопствени ресурси“, како што се повикува Брисел на даноците на ниво на ЕУ, бараат од секоја земја да се согласи со нив пред да бидат воведени и тоа изгледа речиси невозможно во овој политички пејзаж.

    – Во суштина, ќе бидеме општество што се намалува. Она што е јасно е дека Европската унија има голем проблем со продуктивноста. Нејзините работници генерираат помалку производство на час од оние во САД – рече Драги.

    Многу од тоа е поврзано со технологијата. Во текот на изминатите 20 години, Америка доминираше со транзицијата кон дигитална, додека Европа во голема мера беше отсутна. Кина предничи со електричните автомобили. Драги потсетува дека во САД сега „сè е дигитално“.

    Амбиционзниот план се базира на чистата енергија, високата технологија и издржливоста. Но, за тоа се потребни дополнителни 800 милијарди евра годишно, во приватниот и јавниот сектор во ЕУ. Тоа би бил невиден скок во трошоците за земјите членки.

    Не постои волшебно стапче да се дојде до ова задолжување, токму поради законодавниот процес на ЕУ којшто е гломазен, бавен и на секој чекор има несогласување на малцинствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img