Има 27 години и никогаш јавно не ја признал

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Популарниот оскаровец Џек Николсон во јавноста никогаш не зборува за девојката која тврди дека му е ќерка. Таа се вика Теса Гурин и има 27 години. Во повеќе наврати таа истакнувала дека му е ќерка, но актерот тоа никогаш не го потврдил.

Сепак, и таа ретко кога зборува за него, бидејќи никогаш не бил присутен во нејзиниот живот. Само еднаш Теса на своите социјални мрежи напишала објава во која јасно му дала до знаење како се чувствува:

„Не постои таква работа како што е вонбрачно дете, постои само вонбрачен родител“, напишала Теса.

Теса наводно се родила од врската на нејзината мајка која е агент за недвижности, Џенин Гурин и Николсон.

Тие биле во врска во 1994 година, но тој ја напуштил кога дознал дека тогашната 20-годишна Џенин е бремена.

Таа често од страна на јавноста била критикувана, но до сите имала јасна порака:

„Но, сега е 2022 година – година кога сте навредени поради буквално сè под сонцето, очигледно! Затоа восхитувачки ми е некој да го користи терминот „незаконски“ за да опише некој во денешно време. Јас докажав дека законски постојам“, изјавила таа.

Инаку, Гурин е амбициозна актерка. Досега зад себе има неколку проекти. Можеби најпозната е по главната улога во „Stranger’s Arms“ од 2018 година. Според ИМДб таа има улоги во уште два филма „Stage Plai“ од 2021 година и „The Crusaders“ од 2022 година.

- Advertisement -
Ad image

„Теса многу личи на Џек Николсон, а постојат многу документирани докази дека тој е нејзиниот татко“, изјавил Денис Мекдугал кој ја напиша биографијата за Николсон во 2008 година.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article