Најбогатиот човек во светот и газда на Твитер има план како да се бори со ботовите кои нагрнуваат по социјалните мрежи и кои знаеме да ги погрешиме за луѓе. Одговорот е едноставен и многу сличен на она плаќање за сина штикла со кое Твитер верификува дека вашиот профил е автентичен.
Овојпат ќе биде ограничено колку директни пораки ќе можете да испратите до корисници, а кои не го заследиле вашиот профил.
Инаку речено, ако сте бот-машина со лажен профил, реклама или спам, нема да можете да пратите порака до некој корисник ако тој претходно не ве заследил.
Овие промени треба да бидат видливи уште неделава.
„Единствените социјални мрежи кои ќе преживеат ќе бидат оние кои ќе бараат верификација. Платниот систем е средство за верификација што ги зголемува трошоците за бот за околу 10.000 пати.
Корисниците на Твитер веќе имаат можност автоматски да ги отфрлат сите директни пораки од корисниците кои не ги следат, што досега значително помогна во решавањето на проблемот со лажни пораки.
Твитер нуди и премиум услуга позната како Твитер Блу, која на корисниците им овозможува дополнителни бенефиции, како што е можноста за уредување твитови и објавување подолги пораки, за годишна претплата од 120 долари.
Борбата со вештачката интелигенција во светот допрва почнува. Европската унија пишува пробна верзијза на закони за вештачката интелигенција кои ќе треба да бидат пандан за тоа како ова ќе биде регулирано во западниот свет.
Прашањето за содржините на интернет генерирани од вештачката интелигенција е едно од многуте во морето од непознаници за кои дебатираат експертите.