Еден од најбогатите луѓе во светот сака да стане мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Маск, кој меѓу другото ги поседува Twitter, Tesla, SpaceX и други, е подготвен да го купи клубот од Олд Трафорд.
Како што пренесува англискиот весник Мирор, семејството Глејзер го продава познатиот англиски клуб, а Маск, чие богатство е 190 милијарди долари (Форбс), е исклучително заинтересиран да инвестира во спортот, а Јунајтед се чини дека е атрактивна опција за него.
Меѓу другите кандидати се англискиот бизнисмен Џек Ретклиф и Катар Спорт Инвестментс, конзорциум кој, меѓу другите, има мнозинска сопственост на Пари Сен Жермен. Купувањето на Јунајтед би било дел од нивната планирана глобална фудбалска експанзија.