Американскиот милијардер Илон Маск, чиј деловен и приватен живот се подеднакво бурни и во центарот на вниманието на светските медиуми, е снимен на одмор во Грција. Летува на островот Миконос, познат по својот богат ноќен живот.
Сопственикот на „Тесла“ неодамна раскина со својата девојка Наташа Басет, а во Грција беше фотографиран во друштво на пријатели и мистериозна девојка во жолт оскуден топ и здолниште во иста боја на јахта.
Пред возењето со чамецот, во текот на кое се восхитувал на глетката и синилото на морето, ручал во ресторанот „Спилија“.
„Дејли мејл“ открива дека таа наводно не е неговата нова девојка, како што многумина веднаш се посомневаа и дека станува збор за истакнатата модна дизајнерка Сара Штаудингер, која е новата сопруга на Ари Емануел, извршниот директор на една од најважните холивудски агенции за таленти „Endeavour“.
Неодамна јавноста беше изненадена од веста дека Илон Маск во ноември минатата година станал татко на близнаци. Мајката на близнаците е неговa деловна партнерка Шивон Зилис и директорка во неговата компанија „Неуралинк“.
Како што пишуваат странските медиуми, Илон Маск е татко на вкупно десет деца од три врски, а неговото прво дете починало по 10 недели од синдром на ненадејна смрт на доенчиња.
ФОТО: Инстаграм