More

    Илон Маск ќе подарува по милион долари дневно на некој што ќе ја потпише неговата петиција до изборите во САД

    spot_img

    Милијардерот Илон Маск најави дека секој ден до претседателските избори, на 5 ноември, ќе доделува по милион долари на гласачите на еден вид лотарија, со цел да ја зајакне кампањата за републиканскиот кандидат, Доналд Трамп.

    До изборите тој ќе финансира 17 милиони долари за исплата на добитниците на лотаријата кои претходно потпишале петиција што ефективно ги охрабрува гласачите на Трамп да се регистрираат за гласање за да можат да учествуваат во извлекување на милион долари.

    Петицијата ветува дека секој ден од сабота, па натаму, секој што ќе ја потпише петицијата ќе има шанса да ја добие наградата.

    Говорејќи на митингот во Харисбург во Пенсилванија, Маск рече дека неговата цел е да натера меѓу 1-2 милиона гласачи во сојузните држави да потпишат „бидејќи мисли дека тоа испраќа клучна порака до нивните избрани политичари“.

    Првиот чек му го предал на човек од државата.

    Според Федералната изборна комисија (ФЕЦ), Маск донирал околу 75 милиони долари во текот на изминатите три месеци на Америка ПАЦ, политички акционен комитет што тој го формираше за поддршка на кампањата на Доналд Трамп.

    Маск исто така го искористи својот јавен профил за да ја нападне кандидатката на Демократската партија, Камала Харис.

    Трамп посочи дека ќе го назначи Маск да раководи со владината комисија за ефикасност со цел да ги ограничи американските федерални трошоци, доколку победи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img