Илон Маск е на чекор да стане првиот трилионер во светот до 2027 година, вели нов извештај. Наодот на Академијата Информа Конект сугерира деа богатството на Мас расте 110% секоја година. Газдата на Тесла, Икс, Спејс Икс и други компании веќе беше најбогат човек во светот со своите 251 милијарда долари, според индексот на Блумберг, но сега неколкумината најбогати во светот се стремат кон „Клубот на трилионери“.
Тоа значи дека во 2027 година, Маск ќе поседува богатство вредно како единица со 12 нули, односно 1.000.000.000.000 долари.
Во овој клуб, по Маск, во 2028 година би требало да влезе Гаутам Адани од Индија, основач на деловниот конгломерат Адани Гтуп. Неговото богатство расте за 123% годишно, пренесува „Гардијан“.
Според извештајот, Јенсен Хуанг, главен извршен директор на технолошката фирма „Nvidia“ и Прајого Пангесту, индонезискиот енергетски и рударски магнат, исто така би можеле да станат трилионери во 2028 година, доколку нивната траекторија се одржи.
Бернард Арно, шефот на „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“ и трет најбогат човек во светот со околу 200 милијарди долари, е на пат да затемни трилијарда долари во 2030 година – истата година како и Марк Закерберг, извршен директор на Мета. Неколку компании имаат обезбедено вреднување од повеќе од 1 трилијарда долари.
Беркшир Хатавеј неодамна беше на врвот на вреднувањето кон крајот на август, неколку дена пред неговиот архитект Ворен Бафет да го прослави својот 94-ти роденден. „Nvidia“ се приклучи на клубот од 1 трилиони долари во мај 2023 година и во јуни достигна 3 трилиони долари, позиционирајќи го во тоа време по Microsoft и пред Apple како втора највредна компанија во светот.
Сепак, како што забележа Си-Ен-Би-Си, прашањето за тоа кој би можел да биде првиот трилионер на светот ја фасцинира јавноста уште откако светот го круниса својот прв милијардер во 1916 година. Тоа беше Американецот Џон Д. Рокфелер, кој во тоа беше основач и најголем акционер на „Стандард Оил“.
И покрај таа фасцинација, многу академици гледаат на акумулацијата на огромно богатство како на социјална болест. Еден извештај пресметал дека најбогатите 1% од човештвото имаат повеќе емисии на јаглерод отколку најсиромашните 66%. Емисиите на јаглегод во воздухот се сметаат за главна причин за глобалното затоплување.
Јавноста во САД е поделена кога станува збор за Илон Маск, а некои го критикуваат поради неговата отворена поддршка за републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, кој ќе се трка со Камала Харис за претседателското столче во ноември.