More

    Илон Маск: 100 сателити Starlink обезбедуваат интернет поддршка во Иран

    spot_img

    Илон Маск, извршен директор на SpaceX и Twitter, на својот Твитер профил објави дека користењето на сателитски интернет услуги во Иран е зголемено и дека околу 100 уреди Starlink сега се активни во земјата.

    „Се приближуваме до бројката од 100 активни сателити Starlink во Иран“, напиша Маск на Твитер, како одговор на фотографиите на кои се гледаат Иранки како шетаат по улиците со непокриена коса, што е законски забрането во Иран, пренесува Anadolu Agency.

    Маск претходно тврдеше дека сателитската широкопојасна услуга била обезбедена за да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до делови од интернет, кои беа ограничени по протестите во земјата во последните три месеци.

    На овој начин, сателитите „Старлинк“ ќе им овозможат на демонстрантите да комуницираат во Иран за време на протестите што избувнаа по смртта на Маша Амини, која беше во полициски притвор откако го прекрши исламскиот кодекс на облекување.

    Starlink моментално обезбедува пристап до Интернет од повеќе од 3.300 мали сателити во ниската орбита на Земјата во 45 земји.

    Ако Starlink им бил испорачан на Иранците како што тврди американскиот тајкун, тоа е втор голем меѓународен настан во кој интервенира SpaceX оваа година.

    Кога Русија ја нападна Украина во февруари, Старлинк почна да им служи на Украинците додека руските сили почнаа да ја гаѓаат инфраструктурата на нивната земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img