Илјадници холандски земјоделци започнаа антивладини протести, сообраќаен метеж

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илјадници холандски земјоделци започнаа антивладини протести, сообраќаен метеж
Илјадници земјоделци тргнаа со трактори од цела Холандија до селото Строе, каде се одржува протест поради владиниот план за намалување на емисиите на азотен оксид и амонијак.

Властите ги повикаа возачите да го одложат патувањето бидејќи долгите и бавни конвои трактори го затрупаа сообраќајот низ земјата, иако беа повикани да не ги користат автопатите.

Неколку десетици земјоделци се собраа и во Хаг во близина на парламентот, облечени во маички „Нема храна без земјоделци“.

„Овде се носат одлуки. Ме замолија да дојдам да донесам појадок за да покажат дека произведуваме храна, а не загадување“, рече еден од демонстрантите Јап Зегвард.

Нарекувајќи ја „неизбежна транзиција“ претходно овој месец, владата нареди намалување на емисиите на гас до 70 отсто на многу места во близина на заштитените природни области и дури 95 отсто на други места.

Владејачката коалиција издвои дополнителни 24,3 милијарди евра за финансирање на транзицијата, што најверојатно ќе бара од многу фармери драстично да го намалат бројот на добитокот.

Земјоделството е клучен сектор во холандската економија, со извоз од речиси 105 милијарди евра минатата година.

Земјоделците нагласија дека сакаат да преговараат како може да се намали загадувањето, но дека не е фер да се означува земјоделскиот сектор како најголем загадувач.

Share This Article