More

    Илјадници евакуирани во кинеската метропола Тијанџин

    spot_img

    Илјадници луѓе се евакуирани од неколку станбени згради во повеќемилионскиот град Тијанџин, на северот на Кина, откaко на улиците почнаа да се појавуваат големи пукнатини.

    Градската управа на Тијанџин го нарече инцидентот „ненадејна геолошка катастрофа“ после првите информации кои ги добиле од експерти и неколку владини служби кои ги снимија локациите.

    Според експертите, пукнатините се предизвикани од подземни шуплини, некои дури и на длабочина од 1.300 местри, кои најверојатно колабирале поради сè поголемото експлоатирање на подземните гасови и геотермалните води во околината.

    – Евакуирани се 3.899 жители од најмалку три згради, со висина од 25 ката, во блиските хотели – Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со тонење на почвата и нејзино уривање во таа област – соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс.

    На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат искривени патишта, а случајот го покрена прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина.

    Инаку, кинеската влада воведе строги правила и остри казни во случај на незадоволително управување со недвижностите. Покрај тоа, властите неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност за геолошки и други видови катастрофи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img