Денеска, илјада дена по почетокот на руската инвазија, Украина повтори дека „никогаш нема да се потчини“.
„Украина никогаш нема да им се потчини на окупаторите и руската армија ќе биде казнета за кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението на украинската дипломатија, во кое се нагласува дека нема безбедност „без повторно воспоставување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се вели во соопштението.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија за речиси три години војна го продлабочила својот воен сојуз со Северна Кореја и Иран, што претставува зголемена закана за глобалната безбедност и стабилност.
„Поголемата интеракција на овие три режими покажува дека руската агресија против Украина е глобална закана што ги дестабилизира Европа, Југоисточна Азија и Блискиот Исток. Тоа бара глобален одговор“, се вели во соопштението.