More

    Илир Мета воодушевен од изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, „воодушевен е од вчерашниот изборен резултат на ВМРО ДПМНЕ”.

    – Вчерашниот резултат во Македонија јасно покажа дека нивното враќање ќе му даде друга уште повисока димензија,  на тој модел,  кој и ние треба да го следиме прилагодувајќи го на нашите услови – оценил Мета, јави албанската АБЦ њуз.

    Мета изразува убедување дека победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова,  ќе биде уште поголема во вториот круг на 8 мај.

    Илир Мета, кој подготвува реформирање на неговата партија, вели дека, по примерот на случувањата во Македонија, треба да се организира и Демократската партија на Албанија за возобновување, и да биде алтернатива на изборите во 2025 година, пренесува албанската телевизија.

    – Промените ќе бидат многу брзи, промената ќе биде многу силна. Промената што се случи вчера во Македонија и која ќе биде уште поконкретна по наредните две недели, е јасна порака од народите од нашиот регион дека не прифаќаат депопулација и дефакторизација за мафијашки цели на кој било во светот – истакнал поранешниот албански претседател.

    Ова не е првпат Мета за изборите отворено да искаже поддршката за ВМРО – ДПМНЕ.

    Преку објава на социјалните мрежи на 14 април изрази директна поддршка за ВМРО – ДПМНЕ и убеденост во победата на партијата на изборите.

    „Очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе даде нова димензија на економскиот развој на Македонија во иднина од која бенефит ќе имаат сите нејзини граѓани. Земјата ќе продолжи безбедно да чекори по евроатлантскиот пат и повторно Албанците ќе бидат клучната гаранција за тоа“ – напиша меѓу другото во тогашната објава, постирајќи фотографија од средба со Христијан Мицкоски.

    Илир Мета беше претседател на Албанија во периодот од 2017 до 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img