Со одлука на владата на РСМ ,за нов Капетан на Капетанија на пристаништа на Македонија ,назначен е ИЛИЈА АРНАУДОСКИ од Охрид.Арнаудоски доваѓа од редот на вработените во Капетанија на пристаништа на РСМ,на местото на досегашниот Капетан Горан Устијаноски.
Илија Арнаудоски е дел од оние лица кој професионално ис тручно си ја извршуваат својата работна задача ,има завршено Факултет за безбедност и финасиска контрола ,а воедно е и еден од оние омилени ликови во својот колектив.
Илија Арнаудовски од дене има звање Помошник министер за транспорт и врски во водениот сообраќај.
Редакцијата Охридскај на Арнаудовски му посакува мирни езерски и речни води и успех во работата.