More

    Ikea и H&M ја прекинаа продажбата во Русија

    spot_img

    Шведскиот ланец за мебел Икеа и синџирот облека H&M одлучија да ја прекинат продажбата во Русија по нападот врз Украина и западните санкции кои ја турнаа руската економија во подлабока изолација.

    Икеа ги затвори продавниците и залихите од Русија, но и Белорусија, сојузникот на Русија.

    „Војната има огромно влијание врз луѓето и резултира со сериозни нарушувања во синџирот на снабдување и трговските услови, па затоа групите одлучија привремено да ја паузираат работата на Икеа во Русија“, велат сопствениците на брендовите Интер Икеа и Ингка Груп.

    Интер Икеа е задолжен за снабдување, додека Групацијата Ингка е водечка компанија за малопродажба во светот. Во Русија има 17 продавници и еден дистрибутивен центар. Русија беше десеттиот пазар на Икеа во 12-те месеци до крајот на август 2021 година, со удел во приходите од четири проценти.

    Одлуката за прекин на работата во Русија влијае на 15.000 вработени, а шефот на малопродажните операции на Ингка Груп Толга Ончу во интервју рече дека сите работници ќе добиваат плати, во рубљи, најмалку во следните три месеци.

    Икеа, исто така, произведува иверица и производи од дрво на три локации во Русија и има околу 50 директни добавувачи на широк спектар на стоки за рускиот пазар. Повеќето производи произведени во Русија се продаваат на рускиот пазар. Оние кои се извезуваат сочинуваат помалку од еден процент од производите на Икеа.

    Шефот на малопродажбата во матичната компанија на Икеа, Ингка Груп, денеска одделно изјави дека поради зголемените трошоци за суровините и прекините во синџирот на снабдување, сега проценуваат дека ќе ги зголемат цените во просек за 12 отсто оваа фискална година. Досега очекуваа зголемување од девет проценти.

    H&M исто така објави дека привремено ја прекина продажбата во Русија.

    Ние сме длабоко загрижени за трагичниот развој на настаните во Украина и ја изразуваме нашата поддршка за сите луѓе кои страдаат, рекоа тие.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img