Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди, може да ја продолжи кариерата во Англија.
Според „Get French Football News“, за 29-годишниот Аргентинец е заинтересиран Манчестер јунајтед.
Претставниците на „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со застапниците на фудбалерот.
Икарди претходно ја одби понудата од Монца.
Тој минатата сезона имаше 30 настапи во сите натпреварувања и постигна пет гола.
Сепак, целата оваа работа најмногу зависи од сопругата на Мауро, Ванда Нара, која воедно му е агент на фудбалерот. Таа е позната во светот на фудбалот како проблематична кога станува збор за кариерата на својот сопруг.