По повредата од која се опоравува, дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо доживеа нов пех, кога прегази нога на девојка која чекаше автограм пред тренинг центарот.
Араухо со својот автомобил го напушташе тренинг центарот, а надвор чекаа многу луѓе за да добијат автограм, а можеби и фотографија со ѕвездите на Блауграна.
Стартувајќи го возилото, Араухо несакајќи го прегазил стапалото на девојката, а нејзините крици шокирале многумина.
Клубот веднаш испратил лекари да и помогнат на несреќната девојка и за среќа се е во ред со неа.