Идниот заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска на пладне одржа прием по повод изборот на втората највисока позиција во Алијансата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Идниот заменик генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денеска на пладне одржа прием по повод изборот на втората највисока позиција во Алијансата. Таа им се заблагодари на сите политички чинители за нејзината кандидатура и ги изрази своите заложби за идно дејствување.

Шекеринска оцени дека нејзиниот избор е успех за целата држава која пред само четири години стана земја членка, а сега има свој претставник во највисокото раководство на Алијансата.

– Секој сам по сам сме губитници, а заедно сме посилни – рече таа во говорот во кој повика на обединување околу заедничките цели.

На приемот присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, американската амбасадорка Анџела Агелер, амбасадори од речиси сите земји членки на НАТО, поранешни и актуелни политичари, новинари и експерти од невладиниот сектор.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ честиташе на Шекеринска на Фејсбук.

„Имав пријатна средба и плоден разговор со новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО, госпоѓа Радмила Шекеринска.

Искрени честитки за престижната функција, којашто е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата“.

Шекеринска со овој избор е највисоко позициониран политичар од земјава на меѓународната сцена.

Share This Article