Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена се врати во Милано на позиција во раководството на клубот каде минатото лето ја заврши играчката кариера.
Ибрахимовиќ веднаш по доаѓањето на позицијата советник одржа состанок со играчите, а беше виден и на последниот натпревар на тимот против Салернитана. Тогаш популарниот Ибрахимовиќ реши да се одмори и да замине на патување со семејството, па поради тоа нема да присуствува на мечот со Сасуоло за неколку дена.
Навивачите на Милан се разочарани од овој потег и сметаат дека не е во ред легендарниот фудбалер да се одмора на плажа додека сите останати се фокусирани на натпреварот во сабота. Во коментарите на неговата објава му даваат до знаење дека би било добро што поскоро да се врати во клубот и да ги поддржи играчите пред важниот дуел.
Росонерите моментално се на третото место на табелата, со 11 бода помалку од лидерот Интер.