More

    Ибра: Сè уште сум бог и број еден, сега се вратив

    spot_img

    Златан Ибрахимовиќ оваа сезона нема ниту еден настап за Милан поради операција на коленото, а прашање е кога ќе се врати.

    Сепак, Ибра се погрижи да не биде заборавен и повторно ја испрати пораката во свој стил.

    „Сè уште сум бог, сè уште сум број 1, сега се вратив и музиката се менува. Имам толку многу желба, толку многу сакам да направам, што изгубив во овие седум-осум месеци“, изјави Ибрахимовиќ во интервју за Медиасет.

    Неговиот тим е во голема криза, па под знак прашалник е нивниот пласман во Лигата на шампионите. По освојувањето на Скудетото, тимот не го доби толку потребното засилување, а се се одрази на табелата. Но, Ибра не е загрижен.

    „Тим во криза? Не сум загрижен, ова се нормални моменти во сезоната. Сега треба малку да поразговараме и да ја докажеме нашата вредност на теренот. Критика? Нормално е. Ако не те критикуваат, не си на врвот. Ме критикуваа 25 години затоа што сум број еден, навикнат сум на тоа. Тоа е како да точите бензин на оган и кога играте со оган да изгорите. Дали сè уште се чувствувам како бог? Се разбира, ништо не се менува“.

    Инстаграм
    Ја откри и својата состојба.

    „Добро сум, многу ми е добро! Се вратив во тимот и се чувствувам слободен, слободен на и надвор од теренот. Тоа значи дека сум добро. Во овој период направив се за да му помогнам на тренерот, на стручниот штаб и на клубот однадвор“, рече тој и потоа додаде:

    „На 41 година имам уште многу страници за пишување бидејќи квалитетот не исчезнува, телото се менува, физичката подготовка е друга, но квалитетот не исчезнува, останува. Во мојот случај тоа не се менува. На оние кои не веруваат во Господ тоа ќе им го покажам на теренот, не со зборови. Сакам секој ден да го покажувам мојот талент со голема желба, но не само индивидуално. Сакам да го пренесам мојот кредибилитет на другите бидејќи ако можеш да направиш разлика со тим, тоа е поинаку. Не мора сè да зависи од мене, сè што имам во себе сакам да го пренесам на другите: ако моите соиграчи се чувствуваат добро, се чувствувам добро и јас. Ако победиме како тим, ќе се распалам. Во оваа ситуација не морам да имам, само треба да дадам. Ова е и мој предизвик, целта не е моето его. Имам 41 година, играм за Милан и сум на врвот. Сакам да го пренесам моето знаење на другите, тука сум за нив, не за себе. Да беше до мене, ќе бев на остров со пура. Ако можам да бидам пример и лидер, ќе бидам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img