More

    Иан Воткинс е во критична состојба во болница, откако тројца затвореници го држеле како заложник шест часа и го прободеле со нож во вратот

    spot_img

    Педофилот, силувач и осрамотениот поранешен фронтмен на „Lostprophets“, Иан Воткинс, е во критична состојба во болница, откако тројца затвореници го држеле како заложник шест часа и го прободеле со нож во вратот.

    Затворениците во машкиот затвор „Вејкфилд“ наводно го зеле 46-годишниот Воткинс како заложник пред брутално да го претепаат и избодат, пренесува „Дејли мејл“. Извори тврдат дека Воткинс на многу затвореници не им се допаѓал и дека има мета на грбот.

    Музичарот бил нападнат во саботата додека затворениците чекале ден кога ќе има помалку персонал. Ситуацијата ескалирала толку многу што морало да се чека тим од специјално обучени полицајци да се справат со ситуацијата, пренесува „Сан“.

    Тие фрлиле шок-бомби во ќелијата за да го ослободат Воткинс од другите затвореници откако упаднале во крилото на затворот. Според странските медиуми, осудениот педофил врескал од страв за својот живот, а целото крило на затворот во Западен Јоркшир брзо било затворено.

    Нападот, кој започна околу девет часот во саботата, траел шест часа, додека полицијата не го ослободиле Воткинс. Друг извор рекол за „Мирор“ дека Воткинс бил претепан пред да биде избоден и дека болничарите биле видени надвор од затворот како му даваат медицинска помош за да му го спасат животот.

    Да потсетиме, поранешниот рокер во 2013 година беше осуден на 35 години затвор за 13 злосторства врз деца, меѓу кои и обид за силување на 11-месечно бебе. Тој, исто така, призна заговор за силување дете, три точки по обвинението за сексуално злоставување на деца, седум точки за снимање, правење или поседување непристојни фотографии на деца и една точка за поседување екстремна порнографска фотографија со сексуален чин врз животно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img