Иако со месеци се шпекулираше дека принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, не се во одлични односи со британското кралско семејство, сите беа изненадени кога тие решија да им го свртат грбот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако со месеци се шпекулираше дека принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, не се во одлични односи со британското кралско семејство, сите беа изненадени кога тие решија да им го свртат грбот.

На почетокот на 2020 година, Хари и Меган објавија дека повеќе нема да ги извршуваат функциите на високи членови на семејството, односно нема да извршуваат кралски должности како претходно, а нивното повлекување популарно во медиумите беше наречено Мегзит.

Потоа се преселија во Америка, но сè уште ги користат титулите што им ги додели покојната кралица Елизабета на нивната венчавка во 2018 година.

Во интервјуата и бројните исповеди кои потоа ги дале Хари и Меган, тие нашироко зборувале за тоа од што сè биле незадоволни во Англија.

Меѓутоа, како што тврди еден кралски биограф, капката која ја прелеала чашата и ги убедила дека напуштањето на кралското семејство е правилна одлука била една фотографија.

Ендрју Мортон, авторот на познатата книга „Дијана: Нејзината вистинска приказна, со нејзини зборови“, објави и неавторизирана биографија наречена „Меган: Холивудска принцеза“ во која истакна дека принцот Хари и Меган Маркл чувствувале како Фирмата, како што често се нарекува кралското семејство, упорно ги заобиколува.

Сè ескалирало кога, во првите денови од 2020 година, Бакингемската палата објавила еден посебен портрет – на кралицата Елизабета и нејзините наследници.

Покрај кралицата, тука е и нејзиниот престолонаследник Чарлс, потоа неговиот постар син, принцот Вилијам, и најстарото дете на Вилијам, принцот Џорџ, односно првиот, вториот и третиот во редот за тронот во тој момент.

- Advertisement -
Ad image

„Парот се посомневал дека целата институција заговарала против нив. Како што видоа тие, доказите беа насекаде наоколу. Тие го разбраа неизговореното – дека иднината на монархијата е обезбедена, со или без Меган и Хари“, напишал Ендрју Мортон во својата книга.

Само два дена по објавувањето на овој кралски портрет, војводата и војвотката од Сасекс објавија дека се повлекуваат од своите функции и сакаат да бидат финансиски независни. Тие додадоа дека ќе живеат на релација Велика Британија – Северна Америка, како и дека ќе продолжат да ја поддржуваат кралицата.

Парот потоа се пресели во Монтесито со синот Арчи и ја доби ќерката Лилибет, а додека Хари во Англија се враќа само за најважните прилики, неговата сопруга ја посетува уште поретко.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article