More

    Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури

    spot_img

    Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури. Се чека на издавањето дозволи помеѓу Министерството за транспорт (МТВ) и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Затоа неговото пуштање во употреба сѐ уште е неизвесно.

    Од ЈПДП велат дека во моментов проектот за инфраструктура е одобрен од МТВ и во тек е постапка за „измени во тек на градба“, која исто така ја одобрува Министерството. Откако ќе се одобрат, следува постапка за аплицирање за употребна дозвола на патот, со цел да се изврши технички преглед.

    – Изградбата на регионалниот пат Р2138, Водно – Сопиште, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град, започна во 2013 година. Во текот на градбата се појави потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, кои што се опфатени со изработка нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Измените и дополнувањата опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање на три поотпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата, при пробивање на трасата и при оформување на косините на делови долж трасата, на лице место направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура – велат од јавното претпријатие.

    Оттаму додаваат дека поради сите горенаведени настанати промени, потребно било да се изработи измена и дополна на одобрениот проект за инфраструктура, односно подготовка за планска документација согласно со фактичката состојба и дека се појавила потреба од јавна набавка за препроектирање.

    Од Министерството за транспорт и врски нѐ информираа дека го одобриле инфраструктураниот проект доставен од ЈПДП.

    – Очекуваме ЈПДП во следниот период да достави измени за текот да градбата, за кои Министерството за транспорт и врски треба да се произнесе, по што ќе следи постапката за аплицирање за употребна дозвола – ни одговорија од Министерството.

    Последен пат најава за пуштање на оваа делница имаше пред речиси 4 години, а оттогаш до денес ретко кој го споменува овој проект. Тогаш објаснувањето од Јавното претпријатие за државни патишта беше дека поради појава на свлечиште на патот, било потребно да се извршат измени во тек на градба. Поради тоа, претпријатието аплицирало до Министерството за транспорт и врски за измени во тек на градба. Оттаму тврдеа дека откако ќе се направат измените, ќе се изврши технички преглед и ќе се аплицира до Министерството за употребна дозвола. Истата приказна како и сега…

    Изградбата на патот почна во јуни 2013 година, по низа забелешки и противења на невладините организации за заштита на зеленилото на Водно, кои беа против сечење на шумата. Патот беше целосно изграден на почетокот на 2017 година. Станува збор за делница долга повеќе од 4 километри, за чија изградба се потрошија 373 милиони денари. Изведувач на градежните работи беше „Гранит“, кој уште при изградбата неколкупати се соочи со одрони и свлечишта на патот, поради што беа пробиени роковите за градба.

    Сега патот е затворен со вештачки насип и рампи.

    Пробивањето на овој пат беше еден од условите за да започне изградбата на елитната населба Сончев Град. Неговото пуштање во употреба со години го очекуваат жителите на Сопиште и на другите населени места во тој дел, кои наместо да кружат преку Кисела Вода, побрзо ќе стасуваат до центарот на Скопје.

    Ќе се случи и тоа., но кога ќе се смилуваат бирократите во двете државни институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img