Иако многумина се уверени дека венчавките во природа се романтични, оваа снимка сведочи дека не мора секогаш да е така. Младенци од Денвер, Колорадо и нивните гости, кои решија венчавката да ја одржат во природа, имаа застрашувачко искуство. Венчавањето кое се случувало покрај убаво езерце, било прекинато од грозоморни крици и пиштење, кои доаѓале од другиот брег на малечкото езеро.
Кога снимателот ја завртил својата камера во тој правец, имал што да види – гризли нападнал елен, сцена која е вообичаена во природата, добредојдена за документарни филмови за дивината, но никако за свадбени прилики. Веруваме дека на младенците и на сватовите им се одмиле идејата за романтична венчавка во природа.
Предупредување, снимката која ги обиколи социјалните мрежи не е за оние со чувствителни нерви: