И турско семејство настрада од убиецот од Босна

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Покрај преносот во живо од убиството на неговата невенчана сопруга Невзета Хеќимовиќ, Сулејмановиќ во крвавиот пир денеска убил и татко и синот – турски државјани, Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис кои добро ги познавал, а потоа ранил една жена. која се претпоставува дека е мајката и сопругата на убиените.

Во масовното пукање во Градачац, Босна, ранети се еден граѓанин и полицаецот Хусеин Коториќ, кој по укажаната помош во локалната болница е пуштен на домашно лекување.

Нермин Сулејмановиќ на социјалните мрежи објави видео, кое подоцна беше избришано, на кое наведува кого убил и што направил.

Според локалните медиуми, животот на мајката и сопругата (54) на убиените татко и син (23) се во опасност. Повредениот граѓанин кој исто така е ранет има повреди на долните екстремитети, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Иако на снимката се слуша плач на дете, официјално е потрврдено дека меѓу повредените и загинатите нема малолетници.

Share This Article