Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека изјавата на рускиот лидер Владимир Путин за тоа кој од двајцата кандидати за претседател на САД е подобар за Москва ја доживува како комплимент.
За потсетување, Путин во интервју со новинарот Павел Зарубин рече дека Бајден е посоодветен за Русија бидејќи е поискусен и попредвидлив.
– Тоа е комплимент. Многумина ќе речат дека е лошо, но воопшто не е така, добро е – им порача тој на поддржувачите во Чарлстон, Јужна Каролина.
Како што објасни, успеал да го запре „Северен тек 2“. И Трамп смета дека Бајден е посоодветен за Русија бидејќи тој „ќе даде сè, вклучително и Украина, како подарок“.
– Единствениот претседател од последните 5 што не и дал ништо на Русија е Доналд Трамп – рече тој.