И Токио смета дека незнајните објекти се шпионски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новата анализа на неидентификувани летечки објекти кои летале над јапонскиот воздушен простор во последниве години „силно“ сугерира дека станува збор за кинески шпионски балони, соопшти јапонското Министерство за одбрана.

„По понатамошна анализа на специфични летечки објекти во облик на балон претходно идентификувани во јапонскиот воздушен простор, вклучително и оние од ноември 2019 година, јуни 2020 година и септември 2021 година, заклучивме дека за балоните се претпоставува дека се извидувачки балони, беспилотни летала испратени од Кина“, се вели во соопштението на јапонското Министерство.

Токио, исто така, „одлучно побара од кинеската влада да ги потврди фактите“ за инцидентот и „да спречи таква ситуација да се повтори во иднина“, се вели во соопштението.

„Повреда на воздушниот простор со странски извидувачки балони без екипаж и други средства се целосно неприфатливи“, се додава во соопштението.

Јапонија минатата недела соопшти дека испитува серија инциденти кои вклучуваат неидентификувани летечки објекти откако кинески шпионски балон соборен од САД прелета над американска територија.

Спорот со балоните кој ги раскара САД и Кина се чини дека добива поголеми размери. Јапонија е сојузник на САД и во спорот околу Тајван, а истовремено е спротивставена на Русија. Русија, која е во повеќедецениски територијален спор со Јапонија, го обвини Токио за русофобија и изведување „злобни напади“ поради нејзината агресија врз Украина.

Советските трупи ги окупираа островите на север од Јапонија на крајот на Втората светска војна, а нерешеното прашање за суверенитет над островите, во Русија познати како Курилски острови а во Јапонија како Северни територии, ги спречи двете страни формално да потпишат мировен договор.

Share This Article