И ОФИЦИЈАЛНО – ГОРДАНА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Е ПРВА ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА Утре ќе добие Уверение

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За Претседател на Република Северна Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899, констатираше денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски на седницата на ДИК, објавувајќи ја конечноста на резултатите од гласањето за Претседателките избори од 8 мај.

Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата.

Како што најави Даштевски, Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Сиљановска Давкова ќе ѝ биде доделено во 10 часот во просториите на ДИК.

За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.  Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

На спроведените Претседателски избори избори врз основа на записниците од избирачките одбори и од општинските изборни комисии ДИК утврди дека вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, од кои гласале 861.218, а неупотребени гласачки ливчиња се 953.121 Важечки се 812.899, неважечки се 48.289, а процентот на избирачи кои гласале изнесува 47,47.

По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до  Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне.  Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актуелниот претседател и нејзин противкандидат истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Сиљановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Share This Article