И младите содијалдемократи денеска објавија дека и тие по повод Илинден организираат коњички марш до споменикот кај месноста „Слива“ близу Крушево.
Според фотографиите што ги испрати СДСМ до медиумите, на чело на колоната на младите социјалдемократи е генералниот секретар на партијата, Миле Зечевиќ Вардарски.
„Во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република. Слава им! За многу години Илинден“, објави СДСМ.