Коста К. (13) коj изврши масакр во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, веќе шест дена е на специјално одделение во психијатриска клиника, а како што пишуваат српските медиуми, неговата мајка досега не го посетила, пишуваат српските медиуми.
– Тој е сместен на Клиниката и е следен од лекари кои секојдневно ја набљудуваат неговата состојба, а објектот е и под надзор на Одделот за криминалистичка полиција. Никој од неговото најблиско семејство никогаш не дошол да го посети, ниту пак изразил желба да го направи тоа – рекол извор близок до семејството на момчето.
На Клиниката единствено дошла неговата братучетка, која не го посетила, туку само дошла и им ги предала работите за него на вработените.
Министерката за семејна грижа Дарија Кисиќ изјави дека седмоодделенецот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ К.К., нема да биде ослободен од психијатриска нега.
Таа притоа го демантираше пишувањето на одредени медиуми дека тој може да биде ослободен.
Кисиќ меѓу другото оцени дека опозициските политички партии се обидуваат да ги искористат минатонеделните трагедии за разни политички калкулации и добивање политички поени.
– Гледаме дека е речиси исклучиво насочено кон обвинување на системот, а пред се на претседателот. Секој ден имаме прекрасни резултати и никој не вели дека некој ја создал климата за тоа – изјави Кисиќ на К1.