И Ленче Ристовска на тапет на Совет на јавни обвинители,многу зборувала,го прекршила Етичкиот кодекс?!

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Советот на јавни обвинители ќе се обрати до Етичкиот совет до Обвинителството за изјавата на обвинителката Ленче Ристоска.

Според нив, со изјавата направено е прекршување на член 10 од Етичкиот кодекс, каде што меѓуругото е наведено дека обвинителите нема да ги коментираат јавно одлуките донесени од Советот.

Поранешната обвинителка на СЈО, Ленче Ристоска, претходно вчера ја критикуваше работата на Советот за јавни обвинители, велејќи рече дека таму владеат клиентелистички односи.

„Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е избор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна, изборот што Советот го прави, креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал“, рече таа.

Според Ристоска, ова тело од формирањето во 2008 досега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите.

Share This Article