More

    И лани македонските членови на Одборот на директори на телекомуникацискиот оператор Македонски телеком кои ги предлага Владата зеле високи надоместоци

    spot_img

    И лани македонските членови на Одборот на директори на телекомуникацискиот оператор Македонски телеком кои ги предлага Владата зеле високи надоместоци.

    Според податоците објавени во Годишниот извештај за работењето на Македонски Телеком во 2022 година за кој во мај треба да гласа Собранието на акционери, Зоран Китанов, кој е претседател на Одборот на директори и неизвршен член примал надомест во нето-износ од 372.000 денари. Тој според податоците работи во компанијата К-Пауер Скопје специјализирана за проектирање, изградба и одржување на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија каде што има редовна плата од 30.000 денари.

    Според податоците од Извештајот, Китанов во текот на 2022 година присуствувал на 9 состаноци на Одборот на директори на кои требало да ги брани интересите на државата која има удел од 34,81% во компанијата.

    Неговиот заменик и исто така неизвршен член на Одборот на директори Садула Дураки примал по 93.000 денари. Тој присуствувал на 7 состаноци на Одборот на директори.

    Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска која е неизвршен член на Одборот на директори добивала по 62.000 денари месечно. Таа е член и во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, каде што од јануари до октомври добивала надомест од 84.939, а потоа па до крајот на годината по 98.000 денари. Ангеловска е вработена на Универзитет за туризам и менаџмент со плата од 30.035 денари. Таа присуствувала на 8 состаноци на Одборот на директори.

    Исто толкав износ на пари (62.000 денари) месечно како надоместок добивал и Бардул Насуфи, кој работи во Општина Струга за плата од 42.839 денари. Насуфи бил редовен на состаноците и присуствувал на сите 9 видувања на Одборот на директори.

    На Шкодране Дарлишта како независен член на Одборот телекомот месечно ѝ исплаќал по 62.000 денари. Таа според податоците на компанијата работи во јавна установа од областа на здравството каде што зема плата од 40.000 денари. Таа присуствувала на 8 состаноци а Одборот на директори на Македонски телеком.

    Ист износ лани му бил исплаќан и на Аќиф Медиу како независен член на Одборот на директори. Медиу присуствувал на 9 состаноци на Одборот на директори.

    На овие членови на Одборот на директори на Македонки телеком им се исплаќани и други пари и тоа за краткорочни користи за вработените (вклучувајќи ги поврзаните даноци) – 71.094.000 денари; законски пензиски придонеси за краткорочните користи 10.964.000; останати законски придонеси за краткорочните користи 4.345.000; користи поради прекин на вработувањето 12.941.000; долгорочни програми за стимулација 44.487.000; останати плаќања 1.884.000“, по што се доаѓа до вкупниот износ од 145.715.000, или 2,36 милиони евра.

    Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 51% од акциите преку локалната компанија „Каменимост“ што во денари изнесува 4.887.778 денари, македонската влада има удел од 34,81% или 3.336.497 во капиталот, Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ поседува 1,06% од акциите, Друштвото Македонски телеком поседува и 10 отсто од сопствените акции, додека, пак, останатите акционери поседуваат 3,13% од акциите.

    Акционерскиот капитал се состои од една златна акција со номинална вредност од МКД 9.733 која ја поседува македонската влада и 95.838.780 обични акции со номинална вредност од МКД 100 по акција.

    Владата назначува 6 членови во Одборот на директори во Македонски телеком. Последното назначување владата го направи во 2020 година.

    Одбор на директори на Македонски Телеком го сочинуваат:

    Можеби ќе ве интересира
    ПЛАТАТА ТРЕБА ДА ЛЕГНЕ ВО 15 ЧАСОТ Вработените во…

    МИА 11/04/2023
    НЕ СЕ БРЗА СО НАМАЛУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ ПЛАТИ Ќе се…

    Плусинфо 06/04/2023
    Зоран Китанов, неизвршен член и претседател

    Садула Дураки, неизвршен член и заменик претседател

    Никола Љушев, извршен член и ГИД

    Андреас Маиерхофер, неизвршен член

    Диана Анамариа Варкоњи, неизвршен член

    Лубор Жатко, неизвршен член

    Борче Сиљаноски, неизвршен член

    Владимир Ивановски, неизвршен член

    Нина Ангеловска, неизвршен член

    Бардул Насуфи, неизвршен член

    Петер Фаил, независен член

    Мартин Ренер, независен член

    Шкодране Дарлишта, независен член

    Аќиф Медиу, независен член

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img