И Еди Марфи се измајтапи со сопругата на Смит

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Глумецот-комичар Еди Марфи, на доделувањето на „Златните глобуси”, го прими специјалното одличје „Сесил Б. Демил” за животно дело… И, во својот говор по тој повод, тој советуваше: „Не кажувај го името на сопругата на Вил Смит!“

Со својата шега, Еди Марфи алудираше на минатогодишното доделување на „Оскарите” кога по шегата за Џејда Пинкет-Смит, доделувачот Крис Рок доби шлаканица од Вил Смит.

– Сакам да ве известам дека постои дефинитивен план што можете да го следите за да постигнете успех, просперитет, долговечност и мир на умот. Постои план и јас го следам цела моја кариера. Многу е едноставно… Само следете ги овие три работи: плаќајте даноци, внимавајте на Вашата работа и – не кажувајте го името на сопругата на Вил Смит! – нагласи Еди Марфи, кој случајно, му е пријател на Смит.

Крис Рок во својот комичарски настап, ја спомна фризурата на Џејда која страда од алопеција. Смит првично се насмеа на коментарот, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, истрча на сцената и му удри шлаканица на комичарот. Кога се врати на своето место, Вил Смит извика: „Не ставај го името на мојата сопруга во твојата е**на уста!”

Share This Article