И дечкиве од СДСМ забегале,Ахмети да ти бил северно македонскиот Барак Обама!?

Saso
By Saso 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нова предизборна пародија од кујната на социјалдемократите ,но сега со зачините заминале предалеку па така и манџата која ја припремаат за широките народни маси ,ќе им биде премногу кисела!

Ахмети да ти бил северномакедонскиот Барак Обама !!

Желбата по секоја цена да се остане на власт актуелната гарнитура на СДСМ ја гледаат во некаква си непринципиелна предизборна коалиција со ДУИ и со некаква си нова платформа „За европска Македонија“, која патем прв ја заговараше ДУИ преку нивниот портпарол и министер за надворешни работи Бујар Османи.

И во СДСМ ,а и во ДУИ повеќе од јасно им постанува фактот дека столчината на нивните функционерски фотљи се премногу климави , но успех според нив би можеле да постигнат доколку би се одело со заеднички листи во некаква си широка непринципиелна коалиција од една страна ДУИ ,а од друга страна СДСМ со коалицијата која настапуваше на последните предвремени парлаентарни избори….

Ваквата непринципиелна коалиција ,која би довела во законодавниот дом да има околу 25 пратеници од ДУИ,и некаде 20 тина максимум од СДСМ , треба готвачите добро да ја декорираат и зачинат ,посебно најпарвин кај нивното стално гласачко тело,а покасно и пред останатите од македонскиот етникум.

Заедничка листа по прицип ,еден македонец,еден албанец, трчај трчај тучин!!!

Според она што допира од штабовите на СДСМ и ДУИ ,пратеничките листи по изборни единици би биле по принцип еден носител на листа Албанец и еден Македонец,па така редоследно во исти стил ,албанец,македонец и во 5-та изборна еден од турскиот етникум од коалицијата предвовдена од СДСМ и тоа ќе би било единствениот кандидат за пратеник од турската партија од Ресен.

Но во 5-та изборна единица носител на коалицијата СДСМ – ДУИ би бил лидерот на ДУИ Али Ахмети ! За ова најнапред да помине помеѓу членството на СДСМ ,најнапред ваквата кисела манџа треба добро да се зачини.Така ,социјалдемократите смислиле америчко сценарио,да било поубедливо -„Ако можеше Обаа да победи во Америка ,зошто ние со северномакедонскиот Обама во ликот на Ахмети ,да не победиме убедливо во Северна Македонија“!

За чудо ваквата компарација на Ахмети со Барак Обама широко била прифатена кај општинските раководства во 5-та изборна единица,кој ги прифатиле напаствијата да и убедуваат граѓаните во големината на северно македонскиот „Обама од Зајас“, но тука додале и малку други зачини за убедувањето врз простите народни маси биде поубедливо!!

- Advertisement -
Ad image

Така сега секојдне вно од врата во врата ќе ве лажат дека институциите кој до сега биле под контрола на власта слабо функционирале зошто внатре имало деструктивни вмровски елементи , кој буле таму вработени ,но дека со ваквата коалиција ДУИ – СДСМ нивната Северна Македонија ќе влезела во Европска Унија , најкасно за 8 до 10 години и тогаш сакале или не сите оние иснтитуции кој сега се под палка на СДСМ и ДУИ ,кога Северна Македонија ќе влезела во ЕУ ,ќе морале да функционираат под палка на ЕУ!,исто онака како што под палка на ЕУ функционираат институциите во Бугарија ,Румунија, аџарска итн….,глупост до глупост….За автопатот Охрид-Кичево ,народот требло да се убедува дека чим Северна Макеоднија влезе во ЕУ, ЕУ со нивни пари и нивни работници ќе го изградела за нецели 6 месеци!!!!

За сите кои ќе се бунат , одете со контра одговор – Зарем ВРО ДПМНЕ беше поинакво!

Но тоа не е све од кујната на СДСМ,отишле чекор понатаму,па така доколку некој од граѓаните не се сложува со нивните „жалопојки“,претсавниците од СДСМ – убедуваќи,требало на сите да им напоменуваат – Зошто ,зарем ВМРО ДПМНЕ беа поинкави од нас“!..Е тука го допреле дното, затоа што ВМРО ДПМНЕ со Шарена Револуција беше испратено во опозиција ,а тогашниот нивни лидер со посредство на власта замина во егзил.Кадеќе заминат овие дечки еден ден ,останува да видиме.

- Advertisement -
Ad image

С.Денесовски

Share This Article