Хутите погодија танкер, Американците испратија свој брод-разурнувач

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Милитантната власт на Хутите од Јемен погодила танкер во Црвеното Море со крстосувачка ракета, а освен избувнатиот пожар нема жртви, јавува Ројтерс. Екипажот кој бил од Индија е добро. Танкерот „Стринда“ пловел кон Венеција под норвешко знаме, а сега е на безбедно присташните, јави сопственикот.

Нападот се случил на околу 111 километри северно од теснецот Баб ал-Мандаб, кој ги поврзува Црвеното Море и Аденскиот Залив, околу 21 часот по локално време.

Хутите, кои значително го проширија својот арсенал на оружје во последниве години, потоа ја презедоа одговорноста за нападот. Хутите се поддржани од Иран и се закануваат дека ќе гаѓаат бродови во водите близу Јемен без разлика на нивното знаме.  Хутите со беспилотни летала нападнаа и територија на јужен Израел од почетокот на војната во Газа. Тие се дел од Оската на отпорот, исламистички милиции кои се солидаризираа со Хамас.

САД испратија свој брод-разурнувач во Црвеното Море.

„Во моментот на нападот немаше американски бродови во близина, но бродот разурнувач на американската морнарица УСС Мејсон одговори на повикот на Стринда и во моментов дава помош“, објави Централната команда на американската армија, која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток.

Во текот на првата недела од декември, три комерцијални бродови беа нападнати од Хутите во меѓународни води, поради што интервенираше разурнувач на американската морнарица. Хутите минатиот месец запленија и товарен брод во британска сопственост поврзан со израелска компанија и објавија видео од нападот.

Соединетите држави и Велика Британија ги осудија нападите врз бродовите, обвинувајќи го Иран за неговата улога во поддршката на Хутите. Техеран вели дека неговите сојузници одлучуваат независно. Саудиска Арабија побара од САД воздржаност во одговорот на нападите.

Share This Article