Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза таму, изјави во неделата портпаролот на ОН Стефан Дујарик.
„Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, кој се соочува со епидемија на колера во услови на драматично влошување на безбедноста што ја парализираше земјата“, рече Стефан Дужарик во изјавата.
Животот на Хаити е речиси запрен откако група банди минатиот месец го блокираа терминалот за гориво Варе. Недостигот на гориво го оневозможува транспортот и ги принуди бизнисите, како и болниците, да престанат со работа.
Тоа доведе и до недостиг од флаширана вода, токму во моментот кога земјата потврди нова епидемија на колера, чие ширење најдобро се контролира со хигиена и чиста вода.
Владата на Хаити во петокот го овласти премиерот Ариел Хенри да побара „специјализирана воена сила“ од меѓународната заедница за да помогне во решавањето на кризата предизвикана од блокадата на клучните пристаништа за гориво.
„Гутереш испрати писмо до Советот за безбедност во неделата со опции за засилена безбедносна поддршка“, додаде Дужарик.
Монтана договор, група хаитски интелектуалци и активисти кои силно го критикуваат премиерот, го опишаа неговиот чин како предавство и додаде дека странските сили само ќе ги влошат работите.