На натпреварите од ФА Купот одиграни синоќа, нисколигашите направија изненадување, ги исфрлија Саутемптон и Тотенхем, а двајцата навивачи на лондонскиот клуб уште долго ќе ја паметат таа вечер.
Крег Панкхерст, навивач на Тотенхем, реши да го изненади својот 70-годишен татко со тоа што отиде на натпреварот против Шефилд. Тоа требаше да му биде роденденски подарок, но заврши во болница.
На пат кон стадионот, навивачите на Шефилд го пресретнале дуото и жестоко го претепале. Поминаа шест часа пребарувајќи ја болницата, а Панкхерст сподели се на својот Твитер профил:
„Ти благодарам за толку убавото добредојде, Шефилд Јунајтед. Ова сме татко ми и јас на пат кон натпреварот. Сега сме во собата за итни случаи на пат кон болница. Има 70 години“, напиша навивачот на Спарс и објави неколку фотографии на кои се гледаат модринки и исеченици.