Хрватските фотографи го фатиле моментот кога Лејк Бел, девојката на Крис Рок, ненадејно се расплака и го напушти тимот со кој со денови плови по хрватското приморје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хрватските фотографи го фатиле моментот кога Лејк Бел, девојката на Крис Рок, ненадејно се расплака и го напушти тимот со кој со денови плови по хрватското приморје.

На фотографиите се гледа како Лејк во солзи ги остава холивудските ѕвезди на масата, а Крис Рок станува и заминува да ја утеши.

На фотографиите може да се види како Бел пишува на телефон, па може да се претпостави дека никој од екипажот на јахтата не ја расплакал, туку ситуацијата која ја дознала преку повици или пораки.

Инаку, Рок и Бел се снимени во неколку наврати во Хрватска, па досега ги посетиле Дубровник, Трогир и Сплит. Во Трогир фотограф ги фатил додека биле на разгледување, а во Сплит уживале на заедничка вечера со Вуди Харелсон и неговата сопруга Лоре Луи, а придружувани биле и од Саша Барон Коен. Последен пат биле забележани на интимна прошетка во Дубровник.

Рок и Бел летото го поминуваат со Харелсон и неговата сопруга Лора Луи, Саша Барон Коен, Ларс Улрих и неговата сопруга, познатата манекенка Џесика Милер и познатиот менаџер Гај Озири. Овие комичари и актери се познати по заедничките летни одмори од 2018 година, кога редовно заедно одмараат и прават селфи.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Share This Article