Хрватскиот претседател Милановиќ се заблагодари за гласовите на изборите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кандидатот за претседател на Хрватска, актуелниот претседател Зоран Милановиќ за малку ја испушти победата во првиот круг од претседателските избори – освои 49,09 отсто од гласовите.

„Хрватски народe, граѓани на сите градови и окрузи, ви благодарам од сѐ срце. Никогаш не сум ја гледал политиката како средство за приватни цели, туку како повисока мисија и повик. Така ја гледам и чувствувам и денес и верувам дека вие го препознавте тој жар“, напиша Милановиќ на Фејсбук, ден по првиот круг од изборите.

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од претседателските избори врз основа на 100 отсто обработени избирачки места, според кои актуелниот претседател Зоран Милановиќ освоил 49,09 отсто од гласовите, а второпласираниот кандидат на владејачката ХДЗ, Драган Приморац – 19,35 отсто.

Независната кандидатка, поранешната функционерка на Мост, Марија Селак Распудиќ има 9,25 отсто, а кандидатката на партијата Можеме, Ивана Кекин – 8,89 отсто.

Независниот кандидат, адвокатот Томислав Јоњиќ доби 5,09 отсто гласови, кандидатот на Мост и градоначалник на Сињ, Миро Буљ има 3,82 отсто гласови, а Бранка Лозо од партијата Домино освои 2,41 отсто од гласовите. Независниот кандидат Нико Токиќ Картело доби 0,88 отсто поддршка.

Според податоците на Државната изборна комисија, гласале 46,03 отсто од гласачите од нешто помалку од 3,8 милиони граѓани запишани во избирачкиот список.

Милановиќ и Приморац се пласираа во вториот круг од изборите, што ќе се одржи на 12 јануари.

Share This Article