Хрватскиот пејач Петар Грашо се подготвува за концерт во белградската Штарк Арена, а пред настапот во последното интервју за српските медиуми сподели неколку детали од приватниот живот.
Грашо бил прашан за тоа зошто никогаш не застанал пред олтарот со поранешната партнерка Данијела Мартиновиќ, со која беше 21 година во врска, додека многу брзо решил да се ожени и да основа семејство со Хана Хуљиќ.
– Јас не ги читам медиумските натписи и не ги читам коментарите, ништо не коментирам. Единствено е важно човекот да е сам со себе и начисто – кратко изјавил тој за Нова.рс.
Грашо се осврнал и на односот со Тончи Хуљиќ, таткото на Хана и негов долгогодишен пријател и соработник.
– Одлично се согласуваме. Имаме креативни конфликти, а на крајот од вечерта – чаша вино. Ние ќе соработуваме уште долго, долго – рекол Грашо.
Инаку, деновиве Хуљиќ и Грашо заедно се појавија на снимањето на „Амиџи шоу“ во Белград.